Илустрација - мравки / Фото: Pexels

Неочекувани виновници – мравки ги саботираат семафорите и предизвикуваат сообраќајни несреќи во германски град

Во Карлсруе, на југозападот од Германија, колонија мравки предизвикала неколку сообраќајни несреќи – на раскрсницата со повеќе ленти, семафорот неколкупати откажал, а конфузијата довела до две несреќи, во кои неколку луѓе биле полесно повредени, пренесува „Шпигел“.

Одделот за градежништво на крајот ја открил причината за проблемот – мравки во контролната кутија на семафорот, изјави портпаролот на градот.

Кутијата ќе биде исчистена и дополнително запечатена, пренесуваат официјалните лица. Засега не е познато за каков вид мравка станува збор.

Првично имало сомневања дека станува збор за инвазивен вид, но градскиот оддел за градежништво изјави дека „многу веројатно“ не станува збор за видот „тапинома магнум“, големи жлездести мравки, кои се присутни на неколку локации во југозападна Германија од 2009 година.

Во градот Кел, на западот од Германија, овој вид мравки предизвика прекини во снабдувањето со струја и интернет, а инсектите продреа и во станбени згради.

Овие суперколонии можат да бројат од стотици илјади до милиони единки.

Градот Карлсруе првпат беше погоден од инвазивниот вид „ласиус неглектус“ (заборавена градинарска мравка) минатата година, кога жителите се пожалија на наезда од мравки на тераси, улици, дрвја и контејнери.

Инвазивните видови мравки се сè повеќе присутни во Германија, во Кел тие ги оштетуваат патеките и ѕидовите и предизвикуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија и интернет.

Гастроентеролози: Овие пет видови овошје го намалуваат ризикот од рак и го чуваат здравјето на цревата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот