Необично вкусен рецепт на Стефанија Несторовска: Киноа пита со блитва и праз

Фото: Приватна архива

Ако постои кралица меѓу питите, тоа е питата со праз. Речиси никој не може да одолее на нејзината арома и вкус.

А, благодарение на вештите раце и на инвентивноста на младата Стефанија Несторовска што стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, секогаш имаме можност да пробаме нешто интересно и несекојдневно. Денеска уживајте во неповторливиот вкус на оваа киноа пита со блитва и праз.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 200 грама киноа, варена**
– 4 јајцa
– 6 листови блитва, ситно сечкана
– 3/4тини од цел стап праз, ситно сечкан
– 1 лажичка сол
– 4 лажици маслиново масло
– сусам (по желба, за топинг)
** киноата измерете ја пред варење. За варење јас го користев размерот 1:3. Додајте ја киноата во измерената количина вода, оставете да зоврие, намалете ја температурата на ниско и оставете да се вари десетина минути. Тргнете од оган, поклопете со капак или крпа и оставете така додека водата комплетно не впие.

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Рерната се загрева на 210 степени и се премачкува тава за печење. Јас користев тркалезна тава од 25-26 см. Мојата беше нелеплива, па не додадов хартија за печење.
Во голем длабок сад се додава варената киноа (задолжително да биде изладена) и се додаваат јајцата, па се промешува убаво додека не се соединат.
Се додаваат и сите други состојки и повторно убаво се промешува.
Се додава смесата во тавата за печење, се израмнува и одозгора се додава сусамот.
Се пече 30 минути. Оставете да се излади пред да сечете.
Питата може да ја чувате во затворен, стаклен сад во фрижидер до 4-5 дена или на собна температура 1-2 дена.

Фото: Приватна архива

Забелешки и совети:

→ Бидете креативни со составот – јас ја сакам оваа комбинација на блитва со праз, но слободно може да адаптирате. Додадете фета, кашкавал, пршута, маслинки, урда и слично…

→ Јас лично не сум пробала, но според вашите успешни обиди – киноата може да се замени со некоја друга житарка. Кус кус, хелда, цело зрно овес и слично…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот