Ненад Зимоњиќ го тренира првиот светски рекет Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ почна да се подготвува за турнирите на земја. Ненад Зимоњиќ е привремено (а можеби и трајно, засега не се знае) во улога на тренер покрај Ѓоковиќ.

Легендарниот српски тенисер одговори на повикот на Ѓоковиќ да му помогне во работата во Белград, а реална опција е да биде со него и во Монте Карло.

Она што ќе се случува понатаму останува отворено, но за почеток Зимоњиќ ќе биде покрај првиот светски рекет.

Интересно е да се додаде дека Горан Иванишевиќ и Ненад Зимоњиќ се одлични пријатели, па веројатно дојде до размена на информации што и како да се прави во претстојниот период со Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ работеше на својот интензитет, удари од основната линија, а особено е значајно што имаше слични услови како оние што го чекаат во Монте Карло.

Ѓоковиќ донел неочекувана одлука по разделбата со Иванишевиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот