„Немој, немој“ -Бајден го предупреди Путин да не користи хемиско или нуклеарно оружје во Украина

Путин Бајден Украина Русија
Владимир Путин, Џо Бајден / Колаж: Слободен печат. - Иван Самарџиев

Претседателот на САД, Џо Бајден го предупреди својот руски колега Владимир Путин да не користи хемиско или тактичко нуклеарно оружје во Украина.

Бајден во интервју за Си-би-ес њуз (CBS News), одговарајќи што би му порачал на Путин ако размислува за употреба на такво оружје, истакна:

– Немој. Немој. Немој. Ќе го промениш лицето на војната како ништо слично од Втората светска војна, би му рекол Бајден на Путин.

Американскиот претседател одби да прецизира што САД би презеле доколку Путин употреби хемиско или нуклеарно оружје во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот