Нема веќе соеви именувани по земји: СЗО варијантите на коронавирусот ќе ги именува според грчкиот алфабет

Светската здравствена организација денеска донела одлука да ги нарече верзиите на корона вирусот според буквите од грчката азбука во обид да се поедностави изговорот и да се избегне стигматизација на земјите каде што го пријавува новиот вид.

Така, четирите варијанти на корона виросот, кои агенцијата на ООН ги смета за загрижувачки и кои во јавноста и се познати како британски, јужноафрикански, бразилски и индиски, сега ги добија буквите Алфа, Бета, Гама, Делта според редоследот на откривањето, пренесува Ројтерс.

Другите варијанти продолжуваат понатаму по азбучен ред.

СЗО ги открива новите имиња по критиките дека имињата како B.1.351, 501I.V2 и 20H / 501I.V2, биле премногу сложени.

Изборот на грчката азбука следува по неколкумесечните размислувања во кои експертите разгледувале други можности, како што се грчките богови и измислени псевдо-класични имиња, според бактериологот Марк Пален, кој бил вклучен во разговорите.

Историски гледано, вирусите честопати биле поврзани со места за кои се претпоставувало дека потекнувале, како што е еболата, именувана по истоимената река во Конго.

Но, ова може да биде штетно за местата и честопати неточно, како што беше случај со таканаречената пандемија на „шпански грип“ од 1918 година, чие потекло е непознато, наведува агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот