Нема повеќе плаќање високи суми во кеш! ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е МАКСИМУМОТ!

Веќе од следниот месец ќе биде забрането плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции.

Причината за ова е во согласност со Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, кој стапува на сила од 1 Јуни 2019 година.

Граѓаните оваа услуга ќе мора да ја извршуваат преку платежна картичка или со уплатница преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Па така од почетокот на следниот месец, трговците кои вршат наплата во готовина ќе можат да вршат продажба и наплата до 500 евра при поединечна трансакција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот