Нема ниту еден без медал: Македонците растурија на олимпијадата за природни науки во Дубаи

македонци олимпијада
Фото: ДФРМ

Македонските ученици освоија шест медали на 18. Јуниорска олимпијада по природни науки која се одржа во Дубаи од 12 до 21 декември. Таа се одржа според хибриден модел, па така еден лидер присуствуваше на самото место, а останатите учениците ги решаваа проблемите на далечина, на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Македонија имаше шестмина учесници и сите добија трофеј

Алексеј Тасиќ, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје, освои сребрен медал, додека Иван Костевски, Марио Ванчоски учници во „Славчо Стојменски“ од Штип и Андреј Стојановски, Матеа Митревска од „Јахја Кемал“ од Скопје, како и Теона Ана Георгиевска, од „Љубен Лапе“ од Скопје, освоија бронза.

На оваа олимпијада учествуваа 360 ученици од 59 држави од сите континети, при што учениците решаваа теориски и експериментални проблеми од  физика, хемија и биологија.

Учениците кои ја преставуваа Македонија беа одбрани по завршувањето на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, по што најдобрите беа одбрани преку два селекциски натпревари кои се одржаа во јули и септември.

ДФРМ, СХТМ и МБД се заблагодаруваат на сите кои ја подржуваат и следат работата на трите друштва со младите таленти од Македонија, на деканот на Природно-математичкиот факултет проф.д-р Александар Скепаровски за дадената можност подготовките и натпреварот да се одржуваат на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт кои финансиски го подржаа учеството на олимпијадата, на Царината на Македонија која максимално излезе во пресрет учениците навреме да ја добијат испратената експериментална опрема од организаторот, соопшти ДФРМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот