Фото: Алсат / принтскрин

Нема менување на „20 проценти“ со „албански јазик“ во Уставот, вели Битиќи

Терминот „20 проценти“ во македонскиот Устав нема да биде заменет со зборовите „албански јазик“ во рамките на актуелните измени на највисокиот правен акт, изјави вечерва вицепремиерот и заменик-претседател на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Според него, освен промената на Преамбулата на Уставот со вклучување на Бугарите, експертската работна група нема мандат да разговара и за други промени. Тој рече дека е уверен оти парламентарното мнозинство ги има потребните гласови за дветретинското мнозинство за измена на Уставот.

Промената на изразот „јазик на најмалку 20 проценти од населението“ во „албански јазик“ во Уставот со месеци ја спомнуваа и бараа главно опозициските партии на македонските Албанци. Битиќи за ова зборува во емисијата „200“ на Алсат, која ќе се емитува подоцна вечерва.

„Работната група која има мандат за уставни измени соопшти дека нема мандат ниту за измени, ниту за дискусии за други уставни измени, освен за оние кои се однесуваат на европскиот пат. Мислам дека нема пратеник Албанец кој ќе гласа против евроинтеграциите. Секоја друга дискусија ја гледам како дел од дневно-политичката агенда од различни причини. Убедени сме дека и во македонскиот опозициски блок разумот ќе надвладее и ќе направат мнозинство за уставни измени“, рече Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот