Нема да му остане должна: Шакира ќе открие сѐ за Жерар Пике во нов бомбастичен документарец

Фото: Инстаграм/Шакира/Скриншот/Јутјуб

Колумбиската пејачка Шакира (46), наводно, ќе открие сѐ во документарецот за нејзината разделба со поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике (36), пишува „Сан“.

Шакира и Пике, една од најгламурозните двојки во шоубизнисот, сега се познати по нивната жестока караница по раскинувањето.

Во меѓувреме, латино ѕвездата објави неколку песни во кое го раскажа своето емотивно искуство, а беа упатени кон нејзиниот поранешен партнер, кој, наводно, ја изневери со 24-годишната студентка Клара Чиа Марти.

Фото: Инстаграм/Шакира

Според гласините, Шакира дознала за неговото неверство така што пронашла празна тегла со џем од јагоди во нивниот фрижидер. Ниту Пике, ниту нивните синови Милан и Саша биле љубители на ваков џем, па Шакира, која штотоку се вратила од деловно патување, заклучила дека некој престојувал во нивниот дом додека таа не била присутна.

Во нејзиниот најголем хит за 2023 година, Шакира пееше за тоа дека Пике „заменил Ферари (автомобил кој е синоним за престиж) за Твинго (мал и практичен автомобил на Рено) и Ролекс (луксузни швајцарски часовници за Касио (јапонски часовници кои не се толку скапи)“.

Како одговор на оваа песна, Пике се појави на работа во бело Рено Твинго од 8.000 фунти и се пофали со договор со јапонската компанија „Касио“, потенцирајќи дека тој евтин часовник ќе го користи „до крајот на животот“.

Во чуден пресврт на настаните, Шакира потоа стави застрашувачка кукла-вештерка во природна големина на нејзиниот балкон, свртена кон куќата на нејзината свекрва на истата улица, и повторно ја пушти песната посветена на Пике.

Што се однесува до документарецот, шпанската новинарка Лаура Фа вели: „Мислам дека ќе биде за драмата низ која помина и ќе биде именуван ‘Неверството и јас’“.

Многумина претпоставија дека Шакира „снима нешто ново“ кога се појави со снимател на нејзиниото неодамнешно судење во Барселона, Шпанија.

Шакира
Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Таа, исто така, вчера била опкружена со двајца сниматели додека ја напуштала Барселона и се враќала кон Мајами, каде што живее сега.

„Јасно е дека Шакира снима графички материјал за аудиовизуелен проект, документарец или реално шоу во документарен стил“, изјави шпанската новинарка Лорена Васкез.

„Изгледа, ако денес си позната личност и ако сѐ уште немаш документарец – тогаш си ништо“, додаде таа.

Шакира и Жерар Пике
Шакира и Жерар Пике во 2015 година / Фото EPA/Andreu Dalmau

Како потсетување, Шакира и Пике беа заедно од 2011 година и имаат две деца – деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша.

Веста за нивното разделување ја споделија во јуни минатата година, со официјално соопштение објавено од нејзината агенција.

„За жал, потврдуваме дека нашите патишта се разделуваат. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност“, стоеше во нивното соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот