Неконтролирано уринирање: Кој е главен виновник и како да ја спречите непријатната појава?

Фото: Профимедиа

Мошне голем број луѓе речиси никогаш не стасуваат навреме да одат во тоалет, бидејќи не се во состојба да ја исконтролираат бешиката. Оваа ситуација не е поврзана со староста и делува мошне фрустрирачки, особено кога лекарот вели дека не постои здравствен проблем кој доведува до тоа.

Слаби мускули

Главен виновник во повеќето случаи за неконтролираното уринирање се слабите мускули на дното на карлицата, кои со вежбање е можно да се зајакнат, истакнуваат стручњаците. За да се изведе тоа успешно, прво во тоалетот треба да се обидувате со запирање на уринирањето, а кога ќе успеете во тоа, да продолжите со зајакнувањето на наведените мускули.

При нивната контракција би требало да почувствувате како мускулите се стегаат и малку поткреваат.

За да се постигне полн ефект секојдневно треба да направите од 30-40 вежби на собирање и опуштање на мускулите.

За овие вежби е добро тоа што можат да се прават во седечка, стоечка, лежечка положба. На почетокот мускулите само треба да ги држите стегнати една или две секунди. Постепено зголемувајте ја должиата, со што повеќе повторувања, сѐ додека не дојдете до 10 секунди.

Помеѓу стегнувањата на мускулите треба да направите пауза во истото траење како кога мускулите биле стегнати. Ако, на пример, мускулите биле стегнати 10 секунди, еднакво толкаво времетраење треба и да се одмораат. Или, обидете се и со неколку брзи и силни контракции, со стегнување на мускулите што посилно со нагло опуштање. Овие вежби, исто така, треба да ги повторите 10 пати.

Редовно вежбање

Освен секојдневното редовно вежбање, мускулите на карлицата истовремено треба да ги стегнувате и при смеење, кашлање, наведнување, или кои било други провоцирачки ситуации за ненадејно уринирање.

Доколку совесно и одговорно вежбате, позитивните резултатите можете да ги очекувате веќе по два до четири месеци. Потоа, серијата на вежбање може да се намали, но никако не би требало целосно да се прекине. Вежбите на мускулите на карлицата и понатаму треба да се јакнат кога и да се сетите на тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот