Некои руски единици се предадоа без борба, има низок морал кај војниците, тврди Пентагон

Пентагон/ Фото: МИА

Соединетите Американски Држави веруваат дека Русија распоредила повеќе од 80 отсто од својата однапред подготвена борбена моќ во Украина, а вкупната сила е 150.000 војници, известува Ивица Пуљиќ од Вашингтон.

САД проценуваат и дека Русија има системи за лансирање на таканаречените вакуум бомби – бомби кои достигнуваат толку високи температури по експлозијата што телото на жртвата може да испари. Американците немаат потврда дека Русите веќе користеле таков тип на бомба.

Се уште нема знаци дека Белорусија испраќа војници во Украина, велат Американците.

Тие наведуваат и дека Русите се уште немаат превласт во воздушниот простор, вели Пуљиќ.

Тие оценуваат дека Русите не се подготвени да преземат голем ризик со своите авиони бидејќи се плашат од голем број сопствени жртви, во жива сила и авиони.

Податоците покажуваат дека ниту една поголема руска воена група не се движи кон Одеса, а има и информации дека некои руски единици се предале без борба и дека моралот е доста низок кај руските војници.

Тие велат дека продолжуваат тешките борби околу Харков и дека Русите се обидуваат да го опколат градот.

Од Пентагон велат дека не можат да зборуваат за причините поради кои Украинците не бомбардираат голема колона тенкови.

ВО ЖИВО | Руско-украинскиот конфликт продолжува, вести од минута во минута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот