Нехамер: Австрија има посебен интерес С. Македонија и целиот Западен Балкан да станат дел од ЕУ

Фото: Владата на РСМ

„Северна Македонија прави многу за започнување на преговорите за пристапување во ЕУ и го почитуваме она што е постигнато, како и напорите за решавање на тешката ситуација со Бугарија, рече австрискиот канцелар Карл Нехамер на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Виена.

– Северна Македонија е добар партнер за Австрија затоа што чини многу за започнување на преговорите за пристапување во ЕУ. Премиерот придонесе многу за решавање на тешката ситуација со Бугарија. Го почитувам она што е постигнато од Северна Македонија. Австрија и натаму ќе биде на страната на Северна Македонија, ние сме пријатели посветени на заедничка работа, изјави Нехамер.

Австрија, нагласи Нехамер, има долга традиција на градење мостови на Западен Балкан и има посебен интерес земјите од регионот да не ја изгубат песпрективата за пристапување во ЕУ.

– За овој стратешки регион се заинтересирани и Русија, Кина и многу други и токму затоа сметам дека е важно и должност е на ЕУ да биде присутна во регионот и да дава поддршка. Австрија останува силен поддржувач процесот на пристапување навистина да почне и да се заврши со членство во ЕУ, рече австрискиот канцелар.

Осврнувајќи се на односите со Северна Македонија во другите области, Нехамер кажа дека Виена и Скопје имаат тесна и добра соработка во економската сфера, и во однос на безбедноста. Искажа благодарност за тоа што го прави Северна Македонија за заштита на границите и во справувањето со миграцијата, сега и преку силната соработка и со ФРОНТЕКС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот