Негувателка обвинета за тепање и малтретирање на две деца

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Мајката на децата во домот поставила безбедносни камери и при прегледот на видео записот го забележала малтретирањето и однесувањето кон децата.

Негувателка од Скопје е обвинета за запуштање и малтретирање на дете, извести денеска Јавното обвинителство. Обвинетата во првата половина од ноември 2019 година обвинетата била ангажирана како негувателка на две деца на возраст од три години.

„Додека родителите биле на работа, таа постојано им викала на децата без причина, ги навредувала и физички ги напаѓала, удирајќи ги со рака по главата и кубејќи ги за косата. Со цел да се заштитат од неа, во моментите кога им се приближувала негувателката, децата заземале одбранбено движење со кревање на рацете кон главата.

Мајката на децата во домот поставила безбедносни камери и при прегледот на видео записот го забележала малтретирањето и однесувањето кон децата.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност од бегство и можност обвинетата да продолжи со извршување на кривичното дело, односно да работи иста или слична работа, со што и други деца би биле доведени во ризик. Од тие причини, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетото лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот