Негативни резултатите на двајцата здравствени работници од штипското Инфективно одделение

На инфективното одделение во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти, од кои девет се позитивни на корона вирус, а за четири случаи се чекаат резултатите од земените брисеви.

Пристигнати се негативни резултати за две медицински лица од Инфективното одделение во штипската Клиничка болница, информираше денеска директорот, Ален Ѓеорѓијев.

Тој додаде дека се негативни брисевите на лекар инфектолог и на една медицинска сестра, додека за четири здравствени работници се уште чекаат да пристигнат.

Во самоизолација се вкупно 15 здравствени работници, на коишто првите тестови покажаа дека четворица се позитивни на Ковид 19, додека седум се негативни, а за четири се чекаат да пристигнат утре.

На инфективното одделение во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти, од кои девет се позитивни на корона вирус, а за четири случаи се чекаат резултатите од земените брисеви. Инаку пациентите на ова одделение се со средна клиничка слика. Досега се хоспитализирани тројца пациенти од Штип, додека остнатите 10 се од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот