Неексплодирана рачна граната била пронајдена во селото Драгоманце во општина Старо Нагоричане.
Според информациите на МВР, вчера во 13:20 часот било пријавено дека во село Драгоманце при ископ била пронајдена стара неексплодирана рачна граната.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а од екипа на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.