Недвед и Алегри го објаснија „случајот Роналдо“

Португалецот вчерашниот натпревар против Удинезе го започна од клупата/ EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги демантираше написите во италијанските медиуми поврзани со неиграњето на Кристијано Роналдо.

Медиумите пренесоа дека самиот фудбалер барал од тренерот натпреварот да го започне од клупата за резервни играчи, за да се заштити од евентуални повреди во случај да си замине од клубот пред крајот на предниот рок. Роналдо на натпреварот против Удинезе влезе во игра во 60 минута, а во судиското продолжение му беше поништен гол поради офсајд.

Но, Алегри изјави дека негова одлука беше Роналдо да не биде на теренот од првата минута.
– Роналдо се чувствува добро, зборував со него пред натпреварот и му реков дека ќе биде на клупата. Тој се стави на расополагање, одигра добро кога влезе во игра – изјави Алегри.

Истото го потврди и потпретседателот Павел Недвед.
– Не смееме да правиме сензација таму каде што нема причини. Тоа беше одлука на тренерот. На почетокот од сезоната нормално е Роналдо да не биде во најдобра форма. Тренерот се обидува на теренот да го изведе најдобриот тим и можам да потврдам дека Роналдо апсолутно останува во Јувентус оваа сезона – рече Недвед.

Португалецот има уште една година од договорот со „старата дама“, а во текот на летото се шпекулираше со негово заминување и преселба во Реал Мадрид, ПСЖ или Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот