Не помисливме дека тие ќе станат тренд, но и тоа се случи: Сандали кои наскоро ќе ги освојат улиците на Скопје

Тие се доказ дека модата повторно се враќа…

Можеби пред неколку години би се насмеале кога некој би ни кажал дека сандалите на лепенки повторно ќе станат моден тренд, но се чини дека навистина дојде тоа време.

Имено, пристигнаа „daddy“ сандалите, и тоа во луксузни верзии.

На последните модни ревии на дизајнерите како Gucci, PRADA и Anne Sui единствени обувки кои моделите на пистата ги носеа беа овие сандали.

За нештата да бидат уште подобри (или полоши) во повеќето случаи беа презентирани заедно со чорапи, што е моден прекршок број еден.

Меѓутоа и покрај нивниот непривлечен изглед, овие сандали се многу удобни и даваат одлична потпора на стапалата при долги прошетки па затоа можеме да ги наречеме „здрав моден тренд“.

Доколку се одлучите да ги купите, не мора да дадете цело богатство за нив. Сигурни сме дека и обичните немаркирани производители веќе ги изработуваат еднакво привлечните примероци.

View this post on Instagram

Coco in the Domingo

A post shared by Sandy Liang (@sandyliang) on

[ReviewDisclaimer]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот