„Не можев да го предадам Палевски и не ги пријавив убиствата“, рече Кешишев
Не мислел дека нешто ќе се случи, не мислел дека киднапирањата ќе прераснат во убиства, ама купувал лопати и копачи со Љупчо Палевски од пазар и копал дупки за да во нив бидат заложниците, произлегува од денешното сведочење на Влатко Кешишев еден од обвинетите за убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска. Заедно со него обвинети се Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски а за помагање е обвинет таткото на Вања Александар Ѓорчевски за кого сите други обвинети тврдат дека првпат го виделе во судница.
Препорачано
Иако отпосле сфатил дека Вања Ѓорчевска е убиена, откако видел на Фејсбук дека ја нема, Влатко Кешишев не пријавил ни во полиција ни во обвинителство дека се случиле убиства, потврди тој денеска пред судот.
-Не можев да го предадам Палевски, истакна тој.
Не му паднало чудно ни што Палевски неколку дена пред конгресот на партијата Десна заминал во странство.
-Јас бев само за услуги а одговорните од комитетот од другите градови беа одговорни за конгресот што претстоеше, рече Кешишев.
Тој беше прашан од обвинителките дали и тој требало да добие дел од парите од планираната изнуда.
-Не го сфатив тоа сериозно додека не се случи целата работа а пари не ме интересираа бидејќи чесно си ги заработував со готвење во Хрватска, рече тој.
„Не можев да го предадам Палевски и не ги пријавив убиствата“, рече Кешишев


