Не фрлајте храна: Еве како може да направите реорганизација на фрижидерот

Unsplash
Unsplash

Многу често ви останува вишок храна во фрижидерот? Сте зготвиле повеќе за ручек? Имате храна со рок кој е пред истекување?

Преку 1/3 од произведената храна за човечка употреба завршува на отпад. Слична е состојбата и кај нас, многу од храната што се произведува, малку или воопшто стигнува до трпезата. А за сиромашна земја како нашата, тоа е голема штета. И самите сте свесни дека кога останува вишок храна, не е ни е пријатно кога ја фрламе. Затоа, потребно е да знаеме повеќе околу можностите да го намалиме отпадот кој се создава од вишок храна и како да постапуваме со вишокот кој е безбеден за јадење.

Доволно е да знаете само дека кога готвиме, треба да имаме предвид за колку луѓе правиме храна и планирањето намирници да ни биде прва помисла.

Како да спречите фрлање храна?

Планирајте си ги оброците. Многу едноставно. Не само што ќе си го подобрите здравјето (ќе купувате повеќе здрави опции, ќе готвите и ќе имате повеќе избор), ќе имате и повеќе време за вас, затоа што ќе ги набавите намирниците што ви се потребни, без дополнителни трошоци и губење време.

Имајте ги на ум порциите

Кога знаете кој колку јаде дома, имајте предвид и колку грамажа купувате, од месо, зеленчук и она што сакаат да го јадат. Гледајте да биде тоа балансирано и да не претерувате.

Чување и складирање намирници

Фрижидер/Unsplash
Фрижидер/Unsplash

Состојките за смути или салата подготвувајте си ги однапред. На пример, бобинки, банана, спанаќ, сите овие нешта можете да ги исчистите, ставете ги во ќесички со вакуумско затворање и чувајте ги во фрижидер. Зеленчукот кој лесно омекнува, чувајте го во хартиени ќеси или во дрвени сандачиња. Лимонот подолго останува свеж ако го чувате во стаклена тегла полна со вода во фрижидерот.
Истражувајте како можете да ги складирате вашите намирници, а да останат подолго свежи. Не го пренатрупувајте го фрижидерот и намалувајте ја секоја порција-во зависност што ќе јадете, купувајте толку намирници.

Направете добро дело

Секогаш размислувајте околу тоа како остатокот од оброкот можете да го ре-искористите. На пример, ако сте јаделе нешто денес, а ви останало парче месо од ручекот, искомбинирајте го со салата за ручек утре, бидете креативни.

На крајот, доколку направите голема количина храна што ви останала, донирајте. Распрашајте се во околината кои опции ви се можни. Ние ви предложуваме доколку во петок имате вишок храна, да ја споделите со бездомниците во сабота, а можете да ги контатирате од иницијативата „Ретвитни оброк“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот