НЕ Е ШЕГА, АВА КАРАБАТИЌ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ИЗБОРИ: Не можам повеќе да гледам како во земјата се случуваат лоши работи – Слободен печат
ВестиРегион

НЕ Е ШЕГА, АВА КАРАБАТИЌ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ИЗБОРИ: Не можам повеќе да гледам како во земјата се случуваат лоши работи

Старлетата ќе се кандидира на изборите за претседателка на Хрватска.

Хрватска доби уште еден претседателски кандидат од светот на шоу бизнисот, старлетата Ава Карабатиќ, која кандидатурата ја објави на „Инстаграм“, со топлес фотографија.

Карабатиќ на следбениците им порача дека повеќе не може да ги гледа лошите работи кои се случуваат во нејзината држава.

– Сепак се одлучив. Ќе се кандидирам на претседателските избори. Добивам многу пораки за поддршка на „Инстаграм“ и благодарам за тоа. Сметам дека сум жена со став која знае да се избори за себе. Политиката е мојата втора љубов. Не можам повеќе да гледам како во мојата држава се случуваат лоши работи – објави Карабатиќ.

Таа наведе дека „сите се слепи покрај здрави очи, младите си заминуваат, наталитетот опаѓа“ и додаде дека знае дека ќе има многу „хејт“ коментари затоа што е „како старлета“.

Од своите квалитети, наведе дека е професорка по италијански, латински јазик и римска книжевност, дека има напишано автобиографија и роман, дека во филмот кој има глумено со месеци се појавувал во кино-салите, како и дека е сликарка.

– Нормално, не се важни моите уметнички способности, важен е мојот нов режим, режимот на Ава – напиша Карабатиќ.

Ава на „Инстаграм“ ја следат 52.000 луѓе, од кои веќе повеќе од 400 лица ја поддржаа нејзината кандидатура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close