Фото: МИА

Не е прекината работата на македонско-бугарската комисија, туку паузира поради изборите

Работата на Мешовитата македонско – бугарска комисија за историски прашања не е прекината, како што тврди претседавачот на бугарскиот тим Ангел Димитров, туку привремено паузира поради престојните избори во земјава, велат за МИА од македонскиот дел од комисијата.

Привремената пауза за одржување формални средби била побарана од македонска страна на последната средба на комисијата одржана во Софија на крајот на минатиот месец. Причната за тоа е да не се злоупотребува во дневно- политички и предизборни цели, и да се заштити процесот на градење добрососедски односи. Во меѓувреме би продолжиле неформалните контакти и размена на мислења и забелешки за учебниците по историја и за заедничките чествувања.

Претседавачот на бугарскиот тим од Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски прашања Ангел Димитров, претходно изјави дека е неизвесно продолжувањето на работата на комисијата која, според него, била еднострано прекината од македонска страна.

– Еднострано беше прекината работата на комисијата со образложение дека треба да се одржат предвремени избори за четири месеци. Тие практично одбиваат да се среќаваме и да разговараме. Останува отворено прашањето дали во мај ќе продолжи работата на комисијата, рече Димитров за бугарската телевизија БНТ.

Вели дека образложението е изненадувачко, бидејќи македонската страна досега тврдела дека работи без политички притисок.

-Сега се покажува дека работата на комисијата е внатрешен политички проблем за нашиот сосед, изјави Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот