Фото: EPA/ERIK S. LESSER

НБА: Ембид поради повреда ќе го пропушти мечот со Атланта

Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид, ќе го пропушти натпреварот од НБА лигата против Атланта поради повреда на десното колено.

– Додека учествуваше во програма за третман на десното колено за време на паузата за Ол-стар натпреварите, Ембид почувствува болка. Ембид добива дневен третман по консултации со лекари, работеше на теренот и правеше кондициски вежби. Повеќе информации за степенот на неговата повреда ќе бидат објавени подоцна во текот на неделата – соопштија од Филаделфија.

Ембид одигра 31 натпревар во НБА оваа сезона, со просек од 26,6 поени, 7,5 скока и 3,6 асистенции по натпревар.

Мечот помеѓу Филаделфија и Атланта ќе се игра во петок од 01.00 часот по средноевропско време.

Филаделфија е на шестото место на табелата во Источната конференција на НБА со 30 победи и 24 порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот