Навивач го ограбил Тите и му држел лекција поради елиминацијата од Хрватска

Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Поранешниот селектор на Бразил, Тите бил ограбен и тоа во неговата населба во Рио Де Женеиро, пренесуваат бразилските медиуми.

Настанот се случил додека Тите бил на прошетка, а ограбувачот му го одземал паричникот, но и му одржал лекција поради елиминацијата од Хрватска на Светското првенство.

Ова не е првпат Тите да биде мета на бразилските навивачи. Слична беше ситуацијата и во 2018 година кога Белгија ги елиминираше „Карикоте“. Тогаш тој се повлече од јавноста одреден период.

Пред почетокот на Мундијалот Бразил важеше за еден од кандидатите за освојување на титулата, но сонот за титула за нив заврши во четвртфиналето кога Хрватска на пенали беше подобра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот