Навални прогласен за виновен за измама од особено големи размери

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV MANDATORY CREDIT

Судот во Москва денеска го прогласи опозицискиот лидер Алексеј Навални за виновен за измама од особено големи размери.

Судијката Маргарита Котова во пресудата наведе дека Навални „извршил измама, односно кражба на туѓ имот со измама и повреда на довербата”.

Според пресудата, судот ја утврдил вината на Навални за сите четири точки од обвинението за „измама од особено големи размери”.

Тој е обвинет и за непочитување на судот, а пресудата за ова обвинение, како и казните за Навални, ќе бидат изречени подоцна.

Пресудата на Навални беше објавена на сослушувањето во поправната колонија број 2 во градот Покров во Владимирската област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот