Навални повторно преместен во самица

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV MANDATORY CREDIT

Рускиот дисидент Алексеј Навални повторно е преместен во самица и покрај неговите сериозни здравствени проблеми.

Навални на 7 април беше пуштен од самица, а три дена подоцна е вратен во самица на уште 15 дена, соопшти тимот на Навални.

Адвокатот Вадим Кобсев изјави дека Навални за две недели во изолација изгубил осум килограми и оти морало да биде повикана брза помош. Тој тврди дека Навални не се лекува бидејќи затворската управа одбила да ги прими лековите што му биле препишани на најпознатиот дисидент во светот.

Повеќе од две години Навални е држен во особено тешки затворски услови во казнен логор.

Рускиот суд го осуди за наводна измама, но Навални според многумина е политички затвореник на режимот на претседателот Владимир Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот