foto: Andersen/AFP/Getty Images

Навални е убиен, Русија е виновна вели Маријана Кацарова експерт за човекови права на ОН

Одговорноста за смртта на рускиот опозиициски лидер Алексеј Навални лежи во Москва оценува експертот за човекови права на ОН во Русија, Маријана Кацарова.

Според неа тој е или убиен или починал поради тортура.

Долгите периоди поминати во самица, вели Кацарова, би можеле да бидат причина за „спора смрт“ и оценува дека и други затвореници во таа земја би можеле да ја доживеат истата судбина како Навални, напоменувајќи дека е многу загрижена за опозицискиот политичар Владимир Кара-Мурза.

Во свое претходно обраќање во ОН Кацарова повика на поголем притисок врз Москва да ги ослободи политичките затвореници и да ја истражи смртта на Навални.

Руските власти соопштија дека Навални починал на 16 февруари од природна смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот