Научникот кој го создал отровот „Новичок“ му се извини на Навални

Хемичарот, кој тврди дека бил вклучен во тајната советска програма во која бил развиен нервниот агенс Новичок му се извинил на Алексеј Навални кој, според германските лекари, бил отруен од овој моќен нервен отров.

-Длабоко му се извинувам на Навални за учеството во ова злосторничко дело што резултираше со развој на токсичната супстанца што го затрула- рече Вил Мирзајанов во интервју за опозицискиот TV Rain .

Научникот, кој денес живее во САД прв го открил постоењето на Новичок во статии објавени во раните 90-ти.

Откако му се слоши на летот во Русија на 20 август, Алексеј Навални беше примен во болница во Берлин, каде сè уште се опоравува од последиците од труењето со овој нервен отров. Токсиколошките крвни тестови на рускиот опозициски лидер, спроведени во германската воена лабораторија обезбедија „непобитни докази“ дека тој бил отруен од Новичок.

Москва продолжува да ја исклучува таквата можност, и покрај заклучоците и доказите на научниците од германските, француските и шведските лаборатории.

Навални повторно застана на нозе, објави нова фотографија на Инстаграм (ФОТО)

Тројца поранешни советски научници, кои денес имаат повеќе од 70 години, досега јавно потврдија дека учествувале во развојот на Новичок.

„Навални ќе мора да биде многу трпелив, но на крајот ќе се опорави“, рече Вил Мирзајанов, предвидувајќи го неговото целосно закрепнување за „околу една година“.

Навални објави снимка од шишето од кое е отруен (ВИДЕО)

Тој верува дека Навални веројатно го проголтал отровот и дека се чини дека не ги загрозил другите луѓе.

Наспроти тоа, друг научник вклучен во создавањето на Новичок, Владимир Углев, му рече на руското истражно тело дека фактот што Навални преживеал сугерира дека тој стапил во контакт со отровот преку неговата кожа дека и не го проголтал.

НЕПРИЈАТЕЛОТ НА ПУТИН ПЛАЧЕ ОД БОЛКИ: Вознемирувачки снимки од авиониот со кој патуваше Навални (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот