Навални објави снимка од шишето од кое е отруен (ВИДЕО)

Тимот на отруениот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навани објави многу интересно видео на својот службен Инстаграм профил.

Тимот на Навални во објава на Твитер тврди дека водечкиот критичар на Путин е отруен преку шише вода во хотелската соба во Томск во која престојувал непосредно пред летото на кој му се слошило. Пред тоа се сметаше дека Навални е отруен на аеродромот непосредно пред летот.

На социјалната мрежа инстаграм, човек случајно сподели фотографија од Навални кога тој го пие чајот во аеродромскиот кафе-бар, за кој се претпоставува дека бил отровен

Во објавата што Навални ја сподели на неговиот инстаграм-профил се наведува дека траги од новичок, нервен агенс со кој тој беше отруен, се пронајдени на празното шише вода од неговата хотелска соба во сибирскиот град Томск.

Во објавата стои дека спорното шише со вода било едно од бесплатните шишиња кои на Навални му се оставени во хотелот.

View this post on Instagram

Откуда взялась злосчастная бутылка? Давайте объясним, откуда взялось то, про что нам непрерывно задают вопросы. Так называемая “бутылка с «Новичком»”, ну, а точнее, обычная пластиковая бутылка из-под воды, на которой потом в немецкой лаборатории обнаружили следы боевого отравляющего вещества.  Это бутылка из номера в томской гостинице, где останавливался сам Навальный и вся наша съемочная группа.  Перенесемся обратно в 20 августа. В этот день часть нашей команды улетела в Москву, часть осталась в Томске доделывать видео. В полете Алексей потерял сознание и начал задыхаться, самолёт экстренно сел. Почти сразу сотрудники ФБК, которые остались в Томске, узнали о случившемся. В этот момент была сделана единственно возможная вещь. Они вызвали адвоката, поднялись в номер, из которого только что выехал Навальный, и начали фиксировать, описывать и упаковывать все, что там нашли. В том числе, и бутылки из-под гостиничной воды.  Как это происходило, вы можете посмотреть на этом видео.  Никакой особой надежды что-то такое обнаружить не было. Но поскольку нам было абсолютно ясно, что Навальный не “слегка заболел”, не “перегрелся” и Рафаэлкой здесь не поможешь, было решено забрать все, что может хоть как-то гипотетически пригодиться, и передать это врачам в Германии. То, что дело расследовать в России не будут, тоже было достаточно очевидно. Так и вышло: прошел почти месяц, Россия так и не признала отравление Алексея. Спустя две недели именно на бутылке из томского номера немецкая лаборатория обнаружила следы «Новичка». А потом еще две лаборатории, которые брали анализы у Алексея, подтвердили, что Навальный был отравлен именно им. Теперь мы понимаем: это было сделано до того, как он покинул свой номер, чтобы поехать в аэропорт. Сегодня в 20.00 в передаче «Россия Будущего» на ютюб-канале Навальный LIVE Георгий Албуров @alburov расскажет подробности.

A post shared by Алексей Навальный (@navalny) on

Како што јави Ројтерс, видеото ги прикажува членовите на тимот на Навални како ја пребаруваат неговата хотелска соба на 20 август, еден час откако му се слоши.

НЕПРИЈАТЕЛОТ НА ПУТИН ПЛАЧЕ ОД БОЛКИ: Вознемирувачки снимки од авиониот со кој патуваше Навални (ФОТО+ВИДЕО)

„Одлучивме да собереме се што хипотетички би можело да биде корисно и да го предадеме на лекарите во Германија. Фактот дека тоа не би било истражувано во Русија е прилично очигледен“; стои во објавата.

Снимката прикажува како неговиот тим зема две празни шишиња вода, заедно со уште низа предмети, при што користат заштитни ракавици.

„Две недели подоцна, германската лабораторија пронајде траги од новичок на шишето вода кое го зедовме од хотелот во Томск“, стои во објавата на Инстаграм.

Навални бил отруен со воен агенс сличен на „новичок“

„После тоа повеќе лаборатории ги анализираа примероците и потврдија дека Навални е отруен токму со новичок. И сега ни е јасно: отруен е пред да тргне од хотелот кон аеродромот“, стои во објавата.

Инаку, на Навални му се слоши на летот во Русија минатиот месец, а неколку дена потоа е префрлен на лекување во Берлин. Германија потврди дека е отруен со новичок, нервен агенс развиен во Советскиот Сојуз.

Навални жртва на труење: Што претставува новичок и како функционира?

Берлин побара стручна помош во истрагата за „Случајот Навални”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот