Берлин побара стручна помош во истрагата за „Случајот Навални”
Германските власти побараа помош од Организацијата за забрана на хемиско оружје во истрагата за наводното труење на рускиот опозиционер Алексеј Навални, соопшти денеска меѓународната организација со седиште во Хаг.
Препорачано
– Техничкиот секретаријат на Организацијата за забрана на хемиско оружје прими барање од Сојузна Република Германија за техничка помош, се наведува во соопштението на Организацијата.
Исто така се посочува дека Организацијата земала биомедицински примероци од Навални за лабораториски анализи.
На Навални на 20 август за време на летот од Томск за Москва му се слоши при што беше хоспитализиран во Русија, а потоа беше префрлен на лекување во Германија. Според Германија, Навални е отруен со Новичок, хемиски агенс од времето на Советскиот Сојуз, додека Москва тврди дека не постојат докази за тоа.
Според последните информации отровот бил ставен во шише за вода, што Навални го испил во хотелската соба во Томск. Претходно се претпоставуваше дека Навални е отруен на аеродромот во Томск.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
43мин
-
53мин
-
1час
-
9час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


