Научниците тврдат: Оваа храна го продолжува животот

ореви
Ореви / Фото: Unsplash / Tom Hermans

Грицкањето ореви наместо бисквити или чипс може да ви го продолжи животот, вели новото истражување. Имено, само половина шака од овие вкусни јаткасти плодови на ден значително ќе го намалат ризикот од срцев и мозочен удар, како и други опасни по живот состојби.

Експертите од Универзитетот во Минесота дошле до заклучок дека луѓето кои редовно јадат ореви имаат помалку килограми, па затоа имаат и помал крвен притисок. Дополнително, немаат таков ризик од блокирање на крвните садови, што доведува до срцев удар, а токму инфарктот е една од најчестите причини за смрт во светот.

„Нашите податоци покажуваат дека луѓето кои јадат ореви имаат уникатен физички фенотип кој со себе носи и други позитивни ефекти врз здравјето, како што е подобар квалитет на исхрана, а со тоа и поздрав начин на живот“, вели професорката и авторка на споменатото истражување Лин Стефен.

unsplash
Ореви / Фото: Unsplash / Nordwood Themes

„Резултатите ги вклучуваат и оние кои јаделе јаткасти плодови од мали до средна возраст, бидејќи токму во тие години се создаваат првите основи за појава на ризик од хронични болести како што се срцевите заболувања, дебелината и дијабетесот“, додава Стефен.

Три илјади луѓе учествувале во истражувањето, кое авторите на студијата го следеле 30 години, од нивната младост до 50-тите години. Во тој период се покажа дека оние кои секојдневно консумираат ореви имаат помал ризик од дебелеење, висок холестерол, висок крвен притисок, но и срце или мозочен удар. Сето ова покажува дека вреди да се јаде половина шака ореви дневно и може да ви го спаси животот.

Оревите се богати со влакна, протеини, калциум и здрави растителни масти, вклучувајќи полинезаситени масти и омега масни киселини, кои се борат против таканаречениот лош холестерол. Тие исто така помагаат да се намали воспалението во телото, што често може да доведе до блокирање на крвните садови, што предизвикува срцев или мозочен удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот