Научниците потврдија: Од овој пијалак најбрзо се старее

стареење жени
Фото: Профимедиа

Кремовите против стареење и другите трикови можат да помогнат, но има една работа што навистина треба да ја избегнувате ако не сакате да го забрзате процесот на стареење и појавата на нови брчки и да го поништите напорот што го вложувате за младешки изглед.

Истражувањата покажаа дека постои еден пијалак од кој навистина побрзо се старее, а ако се откажеме од него, можеме да го забавиме процесот на стареење, пишува „Јади го ова, не тоа“.

Се покажало дека, кога е во прашање стареењето, слатките газирани сокови се најголемиот непријател на кожата.

Оние кои редовно ги пијат имаат поголем ризик од дебелеење и одредени болести, а истражувањата покажуваат дека тоа може да влијае дури и на телото на клеточно ниво. Сето ова придонесува за нездраво, побрзо стареење.

„Редовното консумирање газирани пијалаци засладени со шеќер, може на крај да ве доведе до опасност од разни болести како што се дебелеење, болести на срцето, дијабетес тип 2 и многу други. А, бидејќи ризикот од тие болести автоматски се зголемува како што старееме, премногу шеќер секако не помага“, вели д-р Ејми Гудсон.

Исто така, студија од 2021 година покажала дека консумирањето слатки газирани сокови има врска со промените во цревните бактерии и цревната микрофлора, воспаленијата и оксидативниот стрес, а сето тоа е поврзано со прераното стареење.

Авторите на студијата имале едноставна препорака – заменете ги овие пијалаци со поздрав избор кога и да можете и вашето тело ќе ви биде благодарно.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот