Фасцинантна студија: Умрев и го видов задгробниот живот – моите починати роднини ме одвратија од неочекувана причина

Фото: Sergiy Tryapitsyn/Alamy/Alamy/Profimedia/

Истражувачите тврдат дека проучувајќи ги луѓето кои биле реанимирани по застој на сцето, откриле неочекувана активност на мозокот кај дел од тие луѓе, дури и до еден час во текот на кој се обидувале да ги „вратат во живот“.

Во студијата, објавена минатиот четврток во списанието „Реанимација“ (Resuscitation), лекарите/научниците набљудувале 567 луѓе кои во 25 различни болници доживеале срцев застој и кои потоа морале да бидат реанимирани. Од тие 567, преживеале само 53 луѓе, пишува „Ен-би-си њуз“.

Научниците интервјуирале 28 луѓе кои биле „вратени во живот“ по срцев удар. Од тој број, 11 рекле дека имаат сеќавања што укажуваат на тоа дека во текот на оживувањето и понатаму задржале некаква форма на свест. Понатаму, научниците го мереле нивото на кислород во мозокот на некои од овие пациенти и откриле присуство на гама, делта, тета, алфа и бета мозочни бранови, кои укажуваат на одредена мозочна активност во текот на процедурата за реанимација.

– Мислам дека ова е неверојатно. Никогаш не би ги дознаеле овие податоци без да ја меревме активноста на мозочните бранови – порачал д-р Шелдон Ческес од Универзитетот во Торонто.

Во текот на срцевиот удар, протокот на крв во сите делови на телото, вклучувајќи го и мозокот, престанува. За разлика од срцевиот удар/инфаркт, кога срцето сè уште „чука“ и покрај болното намалување на протокот на крв, лицето кое има срцев удар е секогаш без свест. Таа личност може да се одржува во живот само со постапки за реанимација сè додека срцето не се врати во нормален ритам со помош на дефибрилација (кога е тоа можно).

Во текот на оваа студија, научниците, исто така, тестирале и дали луѓето кои биле успешно реанимирани ќе можат да се сетат на одредени звуци или глетки. Така, во текот на реанимација на пациентите им ставале слушалки на ушите и им пуштале три зборови – јаболко, круша и банана, а користеле и таблет на кој прикажувале 10 глетки.

Од интервјуираните 28 пациенти, само еден точно се сеќавал на оваа низа од три зборови, а никој не можел да се сети на глетката од таблетот. Затоа, пациентите, според нивните сопствени исповеди, доживеале низа своевидни визии, кои најпрецизно би можеле да се опишат како одреден тип на соништа, пишува „Дејли мејл“.

„Дејли мејл“ ги собра искуствата на пациентите кои доживеале застој на срцето, по што им бил спасен животот. Некои од нив учествувале во оваа студија, а некои од нив ги испратиле своите искуства во писмена форма до научниците. Во продолжение ви претставуваме некои од нив.

Пациент 1

– Слушнав како некој го повторува моето име. Насекаде околу мене имаше суштества како демони и чудовишта. Се чувствував како да се обидуваат да ми откорнат делови од телото. Во горниот десен агол видов машка фигура, го вресна моето име и ме зграпчи за рака. Ја испружив раката и почувствував како некој ме влече во неговата насока, ги слушнав како се прашуваат дали дишам.

Пациент 2

– Се сеќавам дека бев во огромно поле со сиви шатори, видов безлични фигури и се сеќавам како шетав низ кањон. Од другата страна имаше луѓе во бели наметки со качулки кои ги криеа лицата. Последно на што се сеќавам е дека покажуваа на мене и потоа светот го проголта сивило.

Пациент 3

– Отидов во куќа во којашто не требаше да бидам и ме фати полиција. Размислував како да објаснам што правам во куќата, па упаднав во локва. Излегов од локвата сув и некако се стопив со тротоарот. Над мене беше еден рибар кој пееше песна додека врнеше.

Пациент 4

– Се сеќавам на светлото суштество коешто стоеше до мене. Се надви над мене давајќи ми сила, зрачеше со топлина и љубов. Погледнав наназад во мојот живот и почувствував гордост, љубов, радост и тага како се прелеваат во мене. Секоја слика беше од мојот живот, но од гледна точка на суштеството коешто стоеше со мене и гледаше. Ми беа прикажани последиците од мојот живот врз другите, видов илјадници луѓе со кои комуницирав, почувствував што тие чувствуваат за мене и видов како влијаев на нивните животи. Потоа ги видов последиците од мојот живот.

Пациент 5

– Отидов директно кон светлината, која беше мирна и спокојна. Местото на коешто дојдов беше аналогно на надворешноста на влезниот пат. Имаше едно главно суштество на љубовта и многу други суштества на љубовта. Немаше ништо друго освен љубов, добрина и вистина, немаше простор за страв или за ништо друго освен за љубов. Беше попрекрасно од сите мои надежи и искуства на овој свет, беше совршено. Не можам да го опишам со зборови, бев толку многу среќна што сум таму.

Пациент 6

– Се сеќавам дека влегов во тунел. Чувствата што ги доживеав беа многу поинтензивни од вообичаено. Првото беше чувство на интензивен мир, беше толку мирно. Сите мои грижи, мисли, стравови и мислења исчезнаа. Интензитетот на мирот беше толку неверојатен што не чувствував страв за она што го доживував. Почувствував топлина и желба да останам.

Пациент 7

– Можев да видам што се случува. Стоев до болничкиот кревет, беше многу чудно.

Пациент 8

– Повеќе не бев во моето тело. Лебдев без тежина, бев над своето тело и веднаш под таванот на собата за интензивна нега. Ја гледав глетката под мене. Повеќе немав никаква врска со телото што ми припаѓаше претходно, бев поиздигната. Бев на место коешто немаше никаква врска со никакво материјално искуство.

Пациент 9

– Ме прашаа дали сакам да се вратам дома или да останам овде. Реков дека им требам на моите два сина и дека морам да се вратам. Одеднаш, се вратив во телото, чувствувајќи дека зглобовите ме болат од болка. Навистина не се сеќавам што се случуваше околу мене тогаш, знам само дека ме болеше.

Пациент 10

– Додека ме оживуваа, се чувствував како некој силно да ме турка во градите. Се обидов да ги оттурнам, но рацете ми беа врзани.

Пациент 11

– Го видов татко ми.

Пациент 12

– Ми се пристори дека ја слушнав мојата покојна баба како ми зборува дека морам да се вратам.

Пациент 13

– Го слушнав мојот партнер како вели [името на пациентот] и мојот син како вели „мамо“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот