Наследничките на Берни Еклстон со луксузна јахта на одмор во Дубровник, а поранешниот директор на Ф1 чека дете во 90-та година! (ФОТО)

Инстаграм

Семејството Еклстон често ја посетува Хрватска, односно Дубровник, а нивната луксузна јахта во неделата заполовила на пристаништето во Груж. Иако требало на јахтата да биде и Берни Еклстон, генералниот директор на Формула1, заедно со својата бремена сопруга Фабиана Флоси, пристигнале само неговите ќерки Петра и Тамара со семејствата.

инстаграм

Фотографите ги забележале како се качуваат на јахтата со своите сопрузи и децата, а изледа дека семејството после карантинот го започна својот одмор по топлите краеви на Хрватска. Сестрите Еклстон уште за време на изолацијата се пожалија дека не можеле да се дружат, но изгледа дека сега ќе го надокнадат изгубеното време.

Инстаграм

Петра Еклстон кон почетокот на април оваа година ја роди својата ќерка, но среќната вест некое време ја криеше од јавноста. Вереникот на Петра, Сем Палмер беше тој кој објави дека станал татко, а богатата наследничка од бракот со Џејмисон Стунт има веќе 3 деца.

инстаграм

Но, и нејзиниот татко одлучи да го прошири семејството. Поранешниот сопственик на Формула1 и поранешен хрватски зет, 89-годишниот Берни Еклстон го чека своето четврто дете со 44-годишната сопруга Фабиана Флоси. Еклстон од претходниот брак со моделот Славица Еклстон ги има ќерките Тамара, Петра и Дебора.

инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот