Нашите актерки и феминистки открија какво порно сакаат (ВИДЕО)

Двеста жени анонимно одговорија дали, колку често и какво порно гледаат.

Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно, велат од феминистичка платформа „Медуза“.

Двеста жени анонимно одговорија дали, колку често и какво порно гледаат. Десет глумици прочитаа дел од нивните одговори.

-Секс-позитивниот став цели токму кон демистификација и славење на женската сексуалност, а еден од начините да го правиме тоа е отворен дијалог за нашите сексуални пракси. Единствено со преземање на јавниот наратив кој е изграден околу машкиот поглед може да се напушти традиционалното портретирање и доживување на жената како сексуален објект на кој “му се случува секс“, наместо субјект со свои потреби, желби, фаназии, минато, трауми, приказни…, наведваат од „Медуза“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот