Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, вели Сиљановска
Нашето авионче е најстаро и најмало и колегите го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, коментира претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за дебатата дали треба или не да се купи нов владин авион.
Препорачано
– Што можам да кажам? Ајде, да ве насмеам. Владиното авионче моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмало и најстаро. Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното авионче понекогаш овозможува функционално извршување на државната работа, ама и поевтина од користењето комерцијални летови. Е сега, не е многу пријатно, секогаш имам дилема кога немам друг избор, бидејќи знам дека е старо 25 години, а и купено е на старо – рече претседателката.
Според неа, голем хендикеп е тоа што не може да носи новинари со малиот авион. По критиките во јавноста и најавите дека Службата за општи и заеднички работи ќе купува нов авион, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе се откажат од купување на нов владин авион, иако сегашниот е небезбеден.
Ако се урнеме и починеме ќе стане јасно зошто ни треба нов авион, вели Мицкоски


