Народниот правобранител алармира: За брз кредит од 9.000 денари биле наплатени 75.752 денари?!

Фото: Santeri Viinamäki / Wikimedia

Задоцнетото враќање на брз кредит една наша сограѓанка ја чинело 8 пати повеќе отколку самиот износ на кредит. Ова е еден од примерите со кои недоволно презцизираната законска регулатива ги втурнува граѓаните во огромни долгови и често во должничко ропство, истакна народниот правобранител Насер Зибери на денешната презентација на Извештајот за 2022 година.

Зибери објасни дека станува збор за брз кредит, за кој навистина како во рекламите не се наплатува камата. Како што можевме да видиме пред новогодишните празници имаше вакви реклами „Сега имате можност за земете кредит до 9.000 денари со нула камата“. Но, за задоцнето плаќање „закачката“ била во „надоместок за доцнење“, категорија која не е прецизирана ниту во закон, ниту пак, за тоа се информираат граѓаните кои ќе посегнат по ваков кредит.

– За да има јавноста претства што борувам ќе илустрирам со еден пример. Земен кредит од 9.000 денари, за доцнењето на неговата исплата навистина како во рекламите, не се наплатува камата, меѓутоа се наплатуваат огромни трошоци. Така, за конкретниот пример на име достасан надоместок наплатени се 2.026 денари, за надоместок за доцнење дури 58.846 денари, па кога на ова ќе се додаде износот за пратената опомен 5.900 денари, долгот ја достигнува сумата од 75.772 денари, што е сума 8 пати поголема од долгот – рече омбдусманот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот