Нарацијата во книжевноста и филмот е тема на разговор помеѓу Румена Бужаровска и Ана Василева

Во битолската „Магаза“ на 22 септември (петок), со почеток од 17.30 часот, писателката Румена Бужаровска и Ана Василева ќе разговараат за нарацијата во уметноста и филмот, како дел од ИФФК „Браќа Манаки“, известија од издавачкиот центар „Три“.

Книгите „Никаде не одам“, „Мојот маж“ и „Осмица“ од Румена Бужаровска – едни од најчитаните и најпреведуваните збирки раскази во нашата земја – се одлична илустрација за визуелниот јазик на раскажувањето, а и за други теми што ќе ги опфати овој едночасовен дијалог.

На македонската јавност Бужаровска и Василева ѝ се воедно познати како дуото што стои зад прочуената иницијатива за раскажување женски приказни, „ПичПрич“.

Нивниот разговор ќе биде вовед во Меѓународниот фестивал на филмската камера, што под слоганот „Прекрасното непознато“ оваа година ќе се одржи по 44 пат. Обединувањето на книжевноста и филмот низ квалитетен разговор од издавачкиот центар „Три“ се надеваат дека ќе прерасне во традиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот