„Направивме глупава грешка“ – Џорџ Клуни откри поради што тој и Амал сега имаат проблем со децата

џорџ и амал клуни
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Џорџ Клуни се пошегува изјавувајќи дека тој и неговата сопруга Амал направиле „глупава“ грешка во одгледувањето на своите тригодишни близнаци Александар и Ела.

За време на гостувањето во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ Клуни откри дека неговите деца, и покрај годините, знаат многу добро италијански јазик. Но, тој и Амал не знаат италијански.

Instagram
Instagram

„Направивме глупава грешка да говорат италијански јазик. Притоа мислам на тоа дека тие говорат течно на три години. Јас не говорам италијански, мојата жена не говори, па така ние им дадовме „тешко оружје“ во рацете“, изјави актерот.

Тој додаде дека поради тоа имаат проблеми со задачите како и со чистењето на собата.

Profimedia
Profimedia

„Јас им велам да одат и да ја исчистат собата, а тие ми одговараат – Ех, папа стронзо“, раскажа актерот и се пошегува дека тој е од Кентаки, па нему и англискиот му е втор јазик.

Тој откри дека за време на пандемијата му се променил животот па морал сам да ги обавува домашните задачи како што е перењето алишта, чистењето на подот и садовите.

На прашањето на Кимел дали во тие задачи бил успешен, тој одговори:

„Веројатно не, но барем некое време бев вработен. И не влегував во собата во која беа двете деца кои зборуваат италијански“.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот