Направете совршени „Спринг ролс“ (Рецепт)

Донесете ја пролетта на трпезата среде зима и уживајте во популарниот рецепт од Азија.

Пролетните ролатчиња (Спринг ролс) се едни од најбараните специјалитети на азиската кујна, одлични се за мезе и како предјадење.

Иако често пролетните ролатчиња ги поврзуваат со кинеската кујна, овие вкусни парченца се карактеристични во поголем број земји во Азија, од Виетнам и Индонезија до Филипините и Тајван.

Пролетните ролатчиња се всушност пржено ролат-тесто наполнето со различно месо (пилешко, свинско), морски плодови (мали ракчиња) во комбинација со зеленчук, или полнето само со зеленчук.

Во зависнот во која азиска земја се наоѓате, состојките во пролетните ролатчиња можат да бидат сирови, варени или бланширани, а најчесто се полнат со мелено свинско месо, морков, кромид, лук и печурки (сите ситно исечкани и пропржени или само сварени). За да бидат ролатчињата поароматични се додава и сос од соја.

Направете ги сами популарните Спринг ролс

За тестото потребно е  250 гр брашно, малку сол, 150-200 мл вода и 1 јајце.

Промешајте ги сите намирници за тестото додека добиете хомогена смеса. Ставите ги на ладно или во фрижидер преку цела ноќ.

Следниот ден направете ролнички од тестото на ист начин на кој приготвувате палачинки. Ролничките треба да бидат околу 5-7 сантиметри.

За полнењето на ролничките потребно е

200 гр свежа зелка, ситно сечкана

100 гр моркови, изрендани на големо ренде

100 гр печурки, сечкани

150 грама соја сос

1 лажица мелен црн пипер

2-3 лажици растително масло за пржење

1/2 чешне лук, ситно сечкано

1-2 млад кромид (се сече на лентички)

Малку целер, се сече на многу тенки стапчиња

200 грама мелено свинско месо (месо може, но и не мора).

Слатко-кисел кинески сос (за сервирање).

Подготовка

Загрејте го маслото и потоа ставете го кромидот, целерот, морковот, зелката, лукот и печурките и посипете ги со црн пипер.

Мешајте постојано, а кога ќе добијат малку златна боја, изладете ги и исцедете ги на цедилка или салветка.

Ставате по 3-4 лажици од филот во средината на секоја ролничка (палачинка ), додадете сос од соја (доколку додавате и свинско мелено месо, додадете го и претходно посебно запрженото свинско месо), а потоа секоја ролничка завиткајте ја (како палачинка) или во форма на плик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот