Напаѓачот од Чикаго обвинет по седум точки за убиство од прв степен

Вооружен напад во Чикаго 4 Јули
Фото: Armando L. Sanchez / Newscom / Profimedia

Американецот Роберт Кримо, уапсен поради сомнение дека од кров пукал во граѓани, собрани на парада по повод одбележување на Денот на независноста на САД во предградие на Чикаго, обвинет е по седум точки за убиство од прв степен.

Според јавниот обвинител на Илиноис, Ерик Рајнхард, доколку 21-годишниот Роберт Е. Кримо биде прогласен за виновен, ќе се соочи со максимална казна доживотен затвор, без можност за условно пуштање.

Тој ќе бара Кримо да остане во притвор без можност за кауција.

Кримо легално го купил оружјето, испукал над 70 куршуми и се облекол во женски алишта, со цел подоцна да може да се скрие меѓу насобраните граѓани, соопштија локални официјални лица.

ФОТО+ВИДЕО | Пукање на парада за Денот на независноста на САД

Полицијата информираше за седум жртви, од кои една им подлегна на повредите во болница. Повеќе од 30 лица беа повредени во пукањето за време на парадата за Денот на независноста во Хајленд парк во понеделникот.

Полицијата соопшти дека Кримо неколку недели го планирал нападот, мотивот не е познат, но, нема докази за расни или антисемитски причини.

Кримо имал препознатливи тетоважи на лицето и носел женски алишта за да го скрие својот идентитет.

– Се вклопи со сите додека бегаа, како и тој да е невин набљудувач, појасни Крис Ковели, портпарол на канцеларијата на шерифот на округот Лејк.

Осомничениот побегнал во домот на својата мајка, а подоцна го позајмил нејзиниот автомобил.

За нападот, тој употребил пушка од висок калибар, слична на полуавтоматска АР-15, што ја оставил пред да побегне. Слична пушка имал и во автомобилот на неговата мајка, што го возел кога го фатила полиција. Тој имал и друго оружје, сето купено на легален начин, наведоа официјални лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот