ФОТО+ВИДЕО | Пукање на парада за Денот на независноста на САД

Вооружен напад во Чикаго 4 Јули
Се случи вооружен напад во северно предградие на Чикаго на парада на прославата на Денот на американската независност / 4 јули 2022 / Фото: Profimedia

Вооружен напад се случи денеска во северно предградие на Чикаго на парада на прославата на Денот на американската независност, јавија локалните медиуми.

Парадата била прекината по десет минути, кога се слушнале истрели и настанала паника. Според „Чикаго Сан Тајмс“, неколку луѓе се повредени. Репортерот на весникот тврди дека видел „три крвави тела покриени со ќебиња“ и најмалку пет ранети.

Еден од очевидците изјавил дека слушнал околу 20 последователни истрели и поради тоа оценил дека „не можело да биде пиштол или пушка“. Истиот изјавил дека ги видел ранетите, меѓу кои и жена за која тврди дека не преживеала.

Властите соопштија дека пет лица се убиени, а 16 други се ранети. Полицијата на Хајленд Парк, северно предградие на Чикаго, соопшти дека и понатаму е „активен инцидент” и ги повика луѓето да се држат настрана.

Фото: John J. Kim / Newscom / Profimedia
Фото: Armando L. Sanchez / Newscom / Profimedia
Фото: Chicago Tribune/TNS/ABACA / Abaca Press / Profimedia
Фото: Chicago Tribune/TNS/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот