Обвинетиот за нападот во Чикаго облекол женска облека и се скрил меѓу толпата

Вооружен напад во Чикаго 4 Јули
Фото: Chicago Tribune/TNS/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Човекот обвинет за нападот на парадата на Денот на независноста во предградието на Чикаго, ја купил својата пушка легално, испукал повеќе од 70 куршуми од покривот и се облекол во женска облека за потоа да се вклопи во толпата која бега, соопштија локалните власти.

Осомничениот, 21-годишниот Роберт Е. Кримо III, беше приведен во понеделникот откако и се предаде на полицијата, неколку часа по нападот на парадата на 4 јули во Хајленд Парк, Илиноис, во кој загинаа шест лица, а повеќе од 30 луѓе беа ранети.

Официјални лица на брифинг со новинарите рекоа дека тој го планирал нападот неколку недели, а властите сè уште размислуваат каква кривична пријава да поднесат. Не беше јасно дали Кримо има адвокат.

Кримо има карактеристични тетоважи на лицето и се чини дека носел женска облека за да го прикрие својот идентитет, изјави за новинарите Крис Ковели, портпарол на канцеларијата на шерифот на округот Лејк.

„Тој се вклопи директно со сите други додека тие трчаа наоколу, речиси како да е и невин гледач“, рече Ковели. Осомничениот побегнал во куќата на неговата мајка во близина, а подоцна го позајмил нејзиниот автомобил.

Официјални лица рекоа дека не знаат кој бил мотивот за пукањето во населба со доминантно еврејско население, но немале докази дека има некаква антисемитска или расистичка основа. Инспекторите ги прегледувале видеата што тој ги направил исполнети со насилни слики.

ФОТО+ВИДЕО | Пукање на парада за Денот на независноста на САД

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот