Полиција / Фото: МИА

Нападната новинарска екипа во спортска сала во Тетово

Новинарска екипа била нападната вчера во спортска сала во Тетовско.

„Вчера, околу 15.30 часот, во Полициската станица Тетово се пријавиле 48-годишниот Б. А. и 53-годишниот М. А. од тетовско Ларце, кои претходниот ден биле пријавени од 25-годишниот Н. А. од гостиварско Калиште дека околу 20.30 часот, во спортска сала во Тетово, додека извршувал новинарски задачи со колешка, му се заканувале, а дека М. А. и физички го нападнал, извести СВР Тетово“, информираат од МВР.

Се расчистува и документира случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот