Нападната Хрватката Славица Еклстон: Маскирани разбојници упаднале во нејзината куќа додека спиела

Славица Еклстон со Берни, Петра и Тамара/Фото: Профимедиа

Славица Еклстон (65), поранешна хрватска манекенка и поранешна сопруга на некогаш првиот човек на Формула 1, Берни Еклстон, е нападната во својата куќа во Швајцарија, околу 1 часот по полноќ, додека спиела.

Од извори блиски на Славица Еклстон, „Вечерњи лист“ дознава дека таа била нападната ноќта помеѓу саботата кон неделата со својата куќа во Гштад, Швајцарија, од двајца маскирани напаѓачи.

Нападот се случил околу еден час по полноќ додека Еклстон спиела. Како што дознава „Вечерњи лист“, Славица се здобила со полесни физички повреди, а напаѓачите побегнале. Случајот го истражува швајцарската полиција.

Додека беа во брак, Берни и Славица Еклстон важеа за еден од најпознатите парови во светот. Нивната љубов траеше 24 години. Во бракот ги добија ќерките Петра и Тамара. Светските медиуми тогаш -пишуваа дека главната причина за распадот на бракот е тоа што Берни никогаш не бил дома и дека лажел дека ќе го намали отсуството од дома и ентузијазмот кон работа, што и самиот го признал.

Петра, Тамара, Славица и Берни Еклстон/Фото/Профимедиа

Славица на само 23 години се пробила дури до познатата модна куќа „Армани“, која ја примила како модел и ја ангажирала да биде модел на познатите трки на Формула 1 трки во Монца. Таму ја забележал тогаш 50-годишниот Берни Еклстон, кој во таа прилика бил сопственик на еден од натпреварувачките тимови.

Крајот на оваа интересна љубовна приказна во 2008 година траел само неколку секунди, помалку од една минута, а Славица добила повеќе од милијарда долари во недвижности.

Фото: Профимедиа

Таа и денес важи за една од најбогатите жени на овие простори.

Петра Еклстон го роди четвртото дете: Берни доби прекрасна внука

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот