Наоми Вотс во менопауза на 36 години: „Чувствував како ја губам контролата“

Фото: Instagram/ naomiwatts/ hellomagazine

Британско-австралиската актерка Наоми Вотс (54), откри дека поминала низ рана менопауза на 36-годишна возраст. Таа за своето искуство со менопаузата се отвори и искрено разговараше за магазинот „Хелоу“.

Наоми била шокирана од трајното губење на менструацијата, на возраст кога нејзините пријателки го добивале своето прво дете.

Фото: Instagram/ naomiwatts

„Да се ​​мине низ менопауза на толку млада возраст не беше лесно, особено во време кога имаше толку малку достапни информации за тоа“, рекла 54-годишната актерка.

Наоми, која има две деца со нејзиниот поранешен партнер Лиев Шрајбер, рекла дека претрпела топли бранови, постојани промени во расположението и се чувствувала како да „ја губи контролата“. Но, таа додала дека пребродувањето на сите хормонални промени порано од што очекувала, всушност и помогнало да се почувствува ослободено.

Фото: Instagram/ hellomagazine

„Минувањето низ ова животно патување ме доведе до подлабоко разбирање за себе и излегов од другата страна чувствувајќи се поавтентичнa. Многу слобода дојде по ова самопознавање“, рече таа.

Ова лично искуство ја наведе Вотс да се здружи со „Менопауза Мандат“, непрофитна организација, која има за цел да ја револуционизира поддршката за средовечни години достапна за сите Американки.

Фото: Instagram/ naomiwatts

Иако актерката верува дека Холивуд е прогресивна индустрија, таа сè уште смета дека треба да се направи многу работи, за менопаузата да биде „соодветно прикажана“ во филмот.

Фото: Instagram/ naomiwatts

Вотс, која во јуни се омажи за партнерот Били Крудуп, зборуваше и за пронаоѓањето љубов на постара возраст.

„Највредниот потег за секоја врска, партнерство, работно место или семејство е само да бидете отворени и искрени за она низ што поминувате“, рекла таа.

ФОТО| Наоми Вотс се омажи, објави емотивна фотографија со саканиот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот