ФОТО| Наоми Вотс се омажи, објави емотивна фотографија со саканиот
Актерката Наоми Вотс и нејзиниот избраник и колега Били Крудап официјално се венчаа.
Препорачано
Таа ја потврди среќната вест споделувајќи фотографија на нејзиниот Инстаграм профил, на која позираат со актерот од „The Morning Show“, на скалите од Судот на Менхетен.
На фотографијата, младенците позираат насмеани и во прегратка. Вотс е облечена во бел чипкан фустан на Оскар де ла Рента и држи букет со бело цвеќе, додека Крудап е во тегет одело.

Под свадбената фотографија на Вотс многу пријатели и познати личности им честитаа на младоженците, вклучувајќи го водителот Енди Коен, кој пиша дека се чувствува „делумно одговорен за ова“.
Џенифер Кулиџ, Кејти Холмс, Октавија Спенсер, Никол Кидман, меѓу останатите, исто така напишаа коментари во кои им честитаа на младенците.
Инаку, Вотс и Крудап, наводно, почнале да се забавуваат уште во 2017 година, кога глумеле сопружници во серијата на Нетфликс „Gypsy.“.

Тие за првпат се појавија заедно на црвениот тепих на наградите на „Скрин Акторс Гилд Авордс“ во февруари, минатата година.

Актерката претходно беше 11 години во брак со Лиев Шрајбер, пред да ја објават нивната разделба во 2016 година. Од овој брак Вотс има два сина. Били Крудап претходно се забавуваше со актерката Мери-Луиз Паркер од, со која има еден син.


