Наоми: Прва признав дека сум зависник од алкохол и дрога, ни сега не водам чист живот! (ФОТО)

профимедиа

Наоми Кембел (49) е една од најпознатите манекенки и модели на сите времиња, а иако во мај 2020 година ќе наполни 50 години модните куќи и понатака ја ангажираат да биде нивно заштитно лице.

Меѓутоа, иако наскоро полни 50, Наоми вели дека за деца се уште не е подготвена.

профимедиа

– Наоми и деца: Не се уште. Ќе видам што ќе ми донесе вселената, изјави таа.

Сепак, Наоми себе се гледа како мајчинска фигура со многубројни деца со кои се сретнала во текот на својата хуманитарна работа, патувањата по Африка и организирањето на хуманитарни вечери.

Наоми во интервјуто зборуваше и за својот самостоен живот, откако оваа година ја помина во врска со влијателни мажи.

– Да се живее сам не значи дека си осамен. Немам време да се досадувам, како ни да бидам осамена. За мене приватноста е исклучително важна, затоа секогаш се грижам дека мојата работа тоа нема да ми го дозволи, додаде таа.

профимедиа

Оваа убавица призна дека сега живее нов живот – трезна.

– Преживеав. Не можам да кажам дека сега водам исклучително чист живот, ниту се претварам дека го водам. Не ми беше срам прва да признаам дека сум зависничка и благодарна сум му на Бог што денес конечно сум лекуван зависник и лекуван алкохоличар, раскажа таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот