Намирници што не се препорачуваат за папагали: Можат да бидат штетни и токсични за нивното здравје

Фото: Pexels / Werlley Meira

Папагалите важат за љубопитни миленичиња кои сакаат да ја пробаат храната што ја јадат нивните сопственици, но неколку намирници можат да бидат токсични и штетни за нивното здравје.

Меѓу нив како омилен десерт се издвојува чоколадото, кое сепак може да биде смртоносно за птиците. Ако птиците ја консумираат оваа храна, може да имаат проблеми со повраќање, дијареа и напади.

Исто така, семките од јаболката и овошјето како црешите и праските содржат цијанид, додека плодот може да содржи пестициди. Затоа е важно секогаш да го отстранувате средниот дел и темелно да го измиете овошјето пред да ѝ го понудите на вашата птица.

Ако пробаат некој од вашите пијалаци, птиците може да доживеат труење со алкохол, што има штетно влијание врз нивните органски системи и може да биде фатално.

Премногу сол, исто така, доведува до дехидрација, проблеми со бубрезите и затоа е важно да се ограничи внесувањето на солена храна кај птиците.

Освен тоа, кората и кожата на авокадото може да предизвикаат срцеви проблеми кај птиците. Печурките исто така може да предизвикаат проблеми со варење и откажување на црниот дроб кај вашите миленици.

Доматите се безбедни за птиците, но поради високата киселост, сепак тие не се најдобриот избор за храна. Исто така, стеблата и листовите од доматите се отровни за вашите миленици.

Кофеино во пијалаците доведува до проблеми со срцето кај птиците, како што е брзиот пулс. Прекумерното консумирање кромид, исто така, доведува до проблеми со варењето и анемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот