Луѓе пазарат во маркет / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Наместо севкупен бојкот на маркетите, може да се цели само на трговците кои се нефер-играчи

Извршната директорка на истражувачкиот институт „Фајненс Тинк“, Благица Петрески, вечерва во гостување во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24 рече дека бојкотот на маркетите е еден вид притисок што се очекува да даде резултати бидејќи цената на производите се формира врз основа на влијанието од побарувачката. Според неа, замрзнувањето на цените во одредени периоди дава кратки ефекти кои доведуваат до повторно зголемување или враќање на цените на производите.

„Бојкотот треба да претставува сигнал и за добавувачите и за маркетите бидејќи купувачите имаат механизам кој може да изврши влијание на вкупната побарувачка, така што, можеби може тој бојкот наместо да биде севкупен, да се таргетираат трговци кои се идентификувани како нефер играчи на пазарот“, изјави Петрески.

Таа рече дека и покрај бојкотот, граѓаните имаат уште неколку механизми кои може да ги употребат. Еден од нив е законот за нефер трговски практики, кој, како што вели таа, е можеби најдобра алатка за да се спречат ваквите појави.

„Законот за нефер трговски практики е алатка за корекција бидејќи понекогаш не е добро да се ставаат сите трговци во еден кош туку потребно е законски да се казнуваат оние што не се фер играчи. Другите два механизми се јакнење на свеста на граѓаните за пријавување на нефер трговските практики и за бојкот и блокади на оние учесници кои прават манипулација на системот“, додаде Петрески.

Таа објасни и дека анализите направени во „Фајненс Тинк“ покажале дека замрзнувањето на цените дава кратки ефекти.

„Овие мерки даваат резултати и ја намалуваат инфлацијата и даваат резултати, но кога мерката ќе престане, се забележува дека цените се враќаат. Овој тип на мерки го исцрпуваат ефектот на инфлација и во оваа ситуација се потребни други форми на мерки. Една од препораките е овие мерки да не се употребуваат и да се заменат со други“, рече Петрески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот