Наместо пробиотици: Кортни Кардашијан лансираше лижавчиња за подобро здравје на женскиот полов орган
Кортни Кардашијан ја шокираше јавноста откако лансираше нов суплемент во нејзината линија производи „Леми“, и тоа е прилично неочекувана комбинација.
Препорачано
Најновата верзија на нејзините суплементи „Леми пур“ (пробиотски гумени бомбони и апчиња дизајнирани да го поддржат вагиналното здравје) е достапна ексклузивно во Таргет, и доаѓа во форма на лижавчиња, објави „Њујорк пост“.
Исто како и гумените бомбони од 30 долари за шише, главната состојка во новите лижавчиња од 5,99 долари за пакување е пробиотската бактерија бацилиус коагуланс.
Пробиотиците можат да помогнат во одржувањето на вагиналниот микробиом, екосистемот на бактерии и габи што живеат во вагината.
Тоа е важно, бидејќи кога вагиналниот микробиом не е здрав – да речеме, има премногу лоши бактерии или нема доволно добри бактерии – жените се изложени на ризик од проблеми како бактериска вагиноза, габични инфекции и аеробен вагинитис.
„Може да доведе и до поголем ризик од други здравствени состојби, како што се рекурентни инфекции на уринарниот тракт. Истражувањата дури поврзаа одредени промени во вагиналниот микробиом со компликации во бременоста, како што е предвремено породување“, изјавила Оливија Касано од компанија специјализирана за услуги за здравствена заштита на жените.
Новите лижавчиња се направени и со витамин Ц, за кој се вели дека додава поттик на антиоксиданси и про-колаген, плус екстракт од ананас за вкус. Тие се вегетаријански, без глутен, не-ГМО и направени со вистински шеќер, со 70 калории по лижавче.
Ова е втор супелемент со лижавчиња од нејзината компанија. Првиот, „Леми глоу“ беше за коса, нокти и кожа и беше строго ограничено издание – но според претставник на брендот „овие лижавчиња се тука за да останат“.
Кардашијан е секако во првите редови на трендот на додатоци во исхраната во форма на лижавчиња, а ги лансираше своите први минатата година.


